Не дозволувај да бидеш понижувана!!!

31 мај, 20120
s1

Ако правиш се, а цената за тоа се многу навреди и понижување, само за да биде саканиот до тебе среќен, тогаш е мошне веројатно да се наоѓаш во улога на чергичка за пред врата. Жена, која по секоја цена се стреми да ги задоволи сите желби на мажот, без оглед на се, без оглед колку тоа ја чини, без оглед на тоа како таа се чувствува…Не правете го тоа!

Ајде да погледнеме сепак кои се симптомите кои покажуваат дека се наоѓаш во ваква слична ситуација.

Сигурно си чергичка ако саканиот ти дава само трошки, а ти глумиш дека си среќна. Ти пишува или ти се јавува еднаш седмично, за да е сигурен дека го чекаш и си секогаш тука кога ќе му требаш. Тој едноставно те користи како додаток, ти не си дел од неговото основно мени. Секогаш си неговиот резервен план. Тој сака да е сигурен дека ќе си слободна петок навечер, во случај да нема нешто друго поинтересно.

Еве уште една многу непријатна ситуација. Кога ќе ве замоли да го напуштите неговиот дом, откако сте имале секс. Сигурно ќе наведе некоја причина за тоа, но без разлика, ова е толку големо понижување, што можеби е еден од најдобрите начини да ви покажат дека вие претставувате само чергичка и ништо повеќе.

Треба јасно да ги поставите границите на своето лично пространство. Да знаете што е и што не е прифатливо за вас. Дури тој да е најбогатиот и најубавиот, на никој нема да му е пријатно да биде чергичка. И никој нема право да се однесува на ваков начин со жена. Освен ако таа сама не му го дозволи тоа. Ценете се сама себе за да ве цени и тој!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi