Сигурни знаци дека тој не е оној вистинскиот

8 јануари, 20120
1

Следниве знаци во никој случај не треба да ги игнорирате:

Соблекувањето со поглед  можеби  делува возбудливо и атрактивно но ако во исто време не му е важно што зборуваш, тогаш тој не сака ништо друго освен секс.

Ако покрај него не се чувствувате како најубава, најпаметна и најпрекрасна жена на светот, со еден збор посебна, тогаш тој дефинитивно не е оној вистинскиот за вас.

Тој ве бара само кога ќе му пропаднат плановите со неговите пријатели. Ова е правото време да сватите дека сте само една минлива забава.

Емоционалното мамење лесно може да премине во физичко, па дури и известување, ако тој секогаш зборува за друга девојка. Без разлика дали тоа е колешка од работа, пријателка од фитнес…не е добар знак ако таа е често главна тема.

Не паѓајте на изговори дека тоа е пријател од факултет или колега од работа штом „збрише“ со телефонот во друга соба. Тој пријател е обично женски пријател.

Секоја ваша кавга набрзо преминува во навреди. Наместо аргументи тој користи епитети, „луда си, иста како мајка ти…“

Тој никогаш не е тука кога ви е најпотребен. Мажот што не ве подржува и во тешките моменти, нема ни во брак да ви биде подкрепа и подршка.

За се зборува со неговата мајка па таа е запознаена и со најинтимните детали од вашата врска.

Ретко покажува емоции и не разговара со вас за своите проблеми.

Ако за сериозни проблеми комуницира со вас со смс пораки и избегнува директна комуникација, тогаш тој е кукавица и подобро е да се избегне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi