Зошто треба почесто да имате секс?!

31 јули, 20120
sex-more

Едно истражување покажа дека токму сексот е она што најмногу ги усреќува луѓето, а ако се прашувате зошто е тоа така, науката ви овозможи некои многу интерсни објаснувања.

Во проектот „Mapiness“ под водство на научникот Џорџ МекКерон во соработка со „London School of Economics“ учествувале 45.000 корисници на смартфони кои пет пати на ден преку посебна апликација ја бележеле својата активност, локација и нивото на среќа.

На крајот на истражувањето резултатите покажале дека водењето љубов ги прави луѓето најсреќни (12,9%), на второ место е вежбањето и спортската активност (6,5%), па потоа одењето на концерт, пеењето, јавните настапи итн.

Но, прашањето што се поставува е зошто сексот предизвикува чувство на среќа? Еве што велат научниците.

Поголема плодност
Што почесто се практикува сексот, се зголемува квалитетот на спермата, а едно истражување покажало дека кај мажите со проблемите во плодноста по само една недела практикување на секојдневна ејакулација се забележуваат помали оштетувања на спермата.

Сексот е добар за здравјето
„Редовното практикување на секс не само што ги зближува партнерите туку не прави и психички поздрави“, вели докторката Хилда Хачерсон од универзитетот Колумбија. Причината во тоа е ослободувањето на ендорфин и окситоцин во текот на сексот.

Сексот го продолжува животот
Доктор Ерик Брејверман во својата нова книга „Younger (Sexier) You“ тврди дека сексот не само што го поткрева нивото на хормони кои го задржуваат младешкиот изглед туку и го забрзува метаболизмот, ја зголемува работата на мозокот, го подобрува здравјето на срцето и го засилува имунитетот.

Предностите на оргазмот
Научниците сметаат дека оргазмот исто така благотворно делува на здравјето и помага во борбата против разни инфекции. Па така оргазмот за дури 20% го зголемува бројот на антитела задолжени за борба со инфекциите.

Сексот е најдобар лек
Освен што делува благотворно на целото тело го зголемува и имунитетот, сексот според зборовите на научниците, е многу важен здравствен фактор кај постарите мажи. Имено, едно неодамнешно истражување покажало дека редовниот сексуален живот кај постарите мажи успешно ги штити од рак на простатата.

Сексот е најдобар во четврток
Природното енергетско ниво на кортизол, кој ги стимулира хормоните кои се заслужни за сексуалната желба, се наоѓа на самиот врв токму четврток. Затоа навијте го будилникот и фрлете се во акција во самото утро бидејќи тука има уште еден фактор – наутро нивото на тестостерон кај мажите и нивото на естроген кај жените е дури пет пати повисоко отколку во остатокот на денот.

Утрински секс
Како што е веќе наведено: наутро нивото на тестостерон кај мажите и нивото на естроген кај жените е дури пет пати поголемо отколку во остатокот од денот. Имено, утринскиот секс е најдобар околу 7:30 часот, а освен доброто чувство и во остатокот на денот ќе бидете посвежи и поздрави.

Подобра фокусираност
Научниците тврдат дека сексот освен што го подобрува здравјето, овозможува и подобро фокусирање во текот на денот. Така се покажало дека сексот е најдобар начин да ги одбегнете залутаните мисли и фантазирањето во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi