Проверете каков тип е вашата кожа за да ја негувате правилно

30 ноември, 20120
koza

За да ја негувате правилно, прво мора да знаете кој тип на кожа имате. Постојат четири основни видови на кожата – нормална, сува, мрсна, комбинирана и чувствителна кожа како петта категорија.
Нормална кожа – кожата е фина, еластична и мазна. Лојните жлезди и потните жлезди работат избалансирано, и нивните пори се невидливи. Кожата е мека и сјајна, и обично ја имаат многу млади луѓе.

Мрсна кожа – мрсната кожа е сјајна и порите се јасно видливи, често се зголемени, а на носот, брадата и челото се особено сјајни. Овој тип кожа е склон на дамки и акни.

Сува кожа – кожата е без сјај, груба и не е доволно еластична, имате чувство на затегната кожа. Таа е склона кон перутање, иритација и црвенило.

Комбинирана кожа – кај овој тип на кожа е карактеристично тоа што челото, носот и брадата се мрсни, а додека остатокот од лицето е суво и чувствително. Средниот дел на лицето е богато со лојни жлезди кои лачат многу маснотии.

Чувствителна кожа – чувствителна кожа обично е проѕирна и тенка, тука повеќе видливи се капиларите и вените, за разлика од сувата кожа. Таа е склона кон иритација, црвенило и алергиски реакции, брзо реагира на температурни промени, и подложна е на изгореници.

За да се утврдите кој тип на кожа имате доволно е да направите еден едноставен тест. Кожата треба темелно да ја исчистите и да не нанесувате ништо на неа. После 3 до 4 часа лицето ќе го прекриете со хартиена марамица. Ако на марамицата нема траги тогаш имате сува кожа, доколку има траги низ целата марамица тогаш станува збор за мрсна кожа, ако пак имате траги само во Т-зоната тогаш имате комбинирана кожа, а доколку има благи траги на марамицата тогаш имате со сигурност нормална кожа.

Откако ќе утврдите кој тип на кожа имате тогаш можете да изберете соодветен третман за вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *