Лековите за намалување на холестеролот го зголемуваат ризикот од дијабет

11 јануари, 20120
holesterol

Жените кои ја поминале менопаузата, а земаат лекови за смалување на холестеролот, имаат зголемен ризик да заболат од дијабет, предупредуваат американските научници од Мејо Клиник од Минесота.

Откако анализирале повеќе од 153.000 жени постари од 63 години, стручните лица утврдиле дека лековите за холестерол го зголемуваат ризикот од дијабетис и кога ќе се земат во обзир ризичните фактори како што се годините, расата и индексот на телесна тежина.

Американските научници апелираат до постарите жени кои конзумираат лекови за намалување на холестеролот редовно да го контролираат нивото на шеќер и постојано да прават тестови за функционирањето на нивниот црн дроб.

Статините, односно лековите за намалување на холестеролот, се познати и како аспиринот на 21 век. Во светот годишно се продава статин во вредност од преку 20 милијарди долари. Овие лекови станаа популарни благодарение на нивната корист за кардиоваскуларниот систем, но и на релативно ретките несакани последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *