Обрнете внимание на синдромот на студени раце

9 јануари, 20120
studeni race

Изразот „студени раце, топло срце“ е симпатичен, но доколку вашите раце се студени треба да обрнете внимание на некои симптоми кои се предупредување дека постои проблем со нервите или пак со циркулацијата:

Вашите раце се постојано студени, исто како и вашите нозе

  • Забележувате промени на кожата на рацете
  • Чувствувате отрпнатост или пецкање во рацете
  • На вашите раце се појавуваат рани или пликови
  • Кожата на вашите раце е затегната

Болести кои обично се поврзуваат со синдромот на студени раце се: анемија, Бургер синдромот, дијабетис, заболување на периферните артерии, Раидаун синдромот и склеродермоза. Сите овие пореметувања може да ја намалат циркулацијата во екстремитетите. Лекарите може да го дијагностицираат основниот проблем и да предложат третман која ќе ви одговара, па доколку имате некој од горенаведените симптоми, консултирајте се со вашиот лекар. Исто така студените раце и нозе може да бидат реакција на некои лекови, како што се бета-блокатори и лекови за штитната жлезна и мигрена.

Доколку вашите раце се премногу студени, тоа може да доведе до смрзување на екстремитетите, особено доколку телото е изложено подолго време на ниски температури. Во особено тешките случаеви, на кожата може да се појават и пликови, а во екстремните случаеви премрзнатите делови (особено прстите) се ампутираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *