Женската убавина зависи од машките хормони

30 април, 20120
z

Тестостеронот, основниот машки полов хормон, има голема улога за надворешниот изглед на жените, се покажа со последната студија спроведена на оваа тема.

По време на менопауза се забележува драматично опаѓање на хормонот естроген во женскиот организам. Десет или повеќе години пред престанокот на работата на јајниците, нивото на половите хормони прогестерон и тестостерон исто така започнува да намалува. Двата хормони имаат сериозна улога во превенцијата на болести како репродуктивни пореметувања, рак на градата, автоимуни болести, остеопороза, како и спад на либидото и сексуалниот апетит.

Последната студија тврди дека тестостеронот игра многу важна улога за здравјето и убавината на жената. Тој овозможува на дамите и во зрела возраст да имаат добра фигура и да бидат сексуално активни.

Во експериментот на жените им било дадено по 300 микрограма тестостерон на ден. Како резултат на тоа кај жените особено се подобрил сексуалниот живот, целосната здравствена состојба, расположението и надворешниот изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *