Нашата планета е најтопла во последниве 11 300 години, а температурата до 2100 година би можела да биде 6 степени повисока што би довело до изумирање на одредени видови.
На Земјата и се заканува катастрофа со невидени размери, предупредуваат научниците од универзитетот Орегон во САД. Поради драстичното затоплување наскоро би можеле да изумрат бројни растителни и животински видови, а човекот ќе се соочи со климатски промени, земјотреси, поплави и температури кои нема да може да ги поднесе.
Земјата во последниве 5000 години некако успеала да се олади за околу 0,5 степени, но само во последниве 100 години, откако е актуелна индустриската доба и забрзаното ширење на штетни материи и гасови, за исто толку се загреала. Натамошниот пораст на температурата ќе предизвика ефект на стаклена градина, страшно затоплување и досега невидени временски непогоди.
Сонцето е навлезено во својот 11 годишен циклус на активност, а научниците од НАСА прогнозираат дека оваа година циклусот ќе го доживее својот врв обележан со бројни ерупции и страшни соларни бури. Иначе сите промени на Сонцето предизвикани од соларните бури доведуваат до драстичен пораст на штетното зрачење кон нашата планета и со самото тоа доста неповолно влијание врз луѓето и целиот жив свет.