Полицаецот од Њујорк, Карлос Рамос го соблекол својот дуксер и го подарил на еден бездомник кој седел на тротоар и се тресел од студ.
Рамос добил задача да ги испита сомнителните активности во Менхетен, кога забележал како еден бездомник седи на среде улица и се тресе од студ. Рамос без размислување го соблекол својот дуксер и го подарил на бездомникот.
Карлос Рамос има 29 години и е полициски службеник на Њујорк од 2007 година и работи на Оделението за борба против криминал и тероризам.