Расипано јаболко: Ајфон 5 дупло побавен од неговиот ривал!

29 јуни, 20130
6

Има нешто труло во“ јаболкото“. Ајфон 5 е убедливо најбавниот смартфон во својата класа, покажа најновиот тест, а најбрз е Самсунг Галакси S4.

Тестирале седум телефони

Во тестирањето учествувале седумте најпродавани паметни уреди, а задичите биле практични како играње игри, користење различни апликации и уредување мултимедија.

Се покажало дека Галакси S4 кој користи процесор 1,9 гигахерци е речиси два пати побрз од Ајфон 5 со процесор 1,2 гигахерци. Тоа е голем удар за “јаболките“ кои самоуверено тврдеа дека нивното ново чедо е неспоредливо побрзо од конкуренцијата.

Тестот покажал дека на второ место по бзина е HTC 1, а Sony Xperia на трето, пред Google Nexus.

Проблем со процесорот

Следниот чекор на Апл како одговор на лошите оценки од тестирањето е унапредување на процесорот и лансирање нова, подобрена верзија “петка“, што според експертите ќе ги ублажи, но нема да ги реши големите проблеми на американскиот гигант да го достигне нивото на дирекната конкуренција од Јужна Кореја.

Во овој момент најдобар смартфон кога станува збор за брзината е секако Самсунг Галакси S4 – пишува во резултатите од тестот на “Geekbench“.

Iphone 5, rivali, sporost, Galaxy s4,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *