Како да упропастиш маж во 40 чекори?!:)))

popara6 јануари, 20131min02
man-woman-fight

1. Омажи се за него!

2. Обавезно напомени му дека тој не ти е прв, а ни стоти.

3. Направете љубоморна сцена кога за тоа нема ама беш никаква причина.

4. Останете потполно ладни ако имате причина за љубомора.

5. Кога сака секс – одбијте го.

6. Кога нему е до секс – навалете на него.

7. Сите пари кои ќе му ги извлечете обавезно потрошете ги на глупости.

8. Кога ќе излезете заедно на шопинг, потрудете се тоа да трае шт подолго.

9. Повторувајте му постојано колку малку заработува.

10. Постојано зборувајте како неговите пријатели се поуспешни од него.

11. Ослободете се од неговите пријатели кои се помалку успешни.

12.Кога сте на само со него, потрудете се да изгледате како чудовиште.

13. Бидете божица, ако сте во друштво на повеќе мажи.

14. Родете му само едно дете, доволно е.

15. Името на детето е важно. Гледајте да биде на некој од вашата фамилија.

16. Не заборавајте – мама е вашиот најдобар пријател.

17. Прашајте го што сака за неделниот ручек, а кога ќе се одлучи, спремете нешто друго.

18. Немојте да се смеете кога е расположен, направете некоја морбидна фаца.

19. Ако не е расположен, тогаш монтирајте си на лицето насмевка од уво до уво.

20. Секогаш зборувајте му дека нозете му смрдат, особено пред трето лице.

21. Ако сте домакинка, ништо од вас. Морате да работите и тоа на работно место каде што не е прецизно работното време.

22.Организирајте му чести физички активности, на пример, промена на мебелот, нов распоред…а ако ве одбие, направете нешто сами, па пожалете се на сите дека поради него сте се искилавиле.

23. Кога дома нешто ќе се расипе, не чекајте тој да го поправи, веднаш викнете мајстор.

24. Кога ќе направите очигледна глупост, умилкувајте му се, кажете му дека “сте негова мала кукличка”.

25. Бидете многу строги за неговите погрешни потези, а ако баш и не сте некое злопамтило, тоа запишете го во тетратка пред него.

26. Во истата тетратка обавезно напишете се што тој ќе ви вети, па така ќе можете секој ден да го потсетувате.

27. Ветете му се што ќе ви падне на памет, но ни во лудило тоа не го исполнувајте.

28. Држете го за новчаникот и зборот, не за к..

29. Користете ја правосмукалката исклучиво кога гледа спот на ТВ.

30. Пред него често може да повторувате– “Ах, што ли му згрешив на Господ..за вака да ме казни”

31. Понекогаш бидете внимателна, угодувајте му, ама тоа да не биде повеќе од еднаш месечно.

32.Мора да имате некои тајни кои никогаш нема да му ги откриете. Некои тајни зрачат од вас, па ќе направат тој да се чувствува непријатно.

33. Секогаш прераскажувајте му ги сите детали од работа.

34. Не му дозволувајте да ве дави со своите приказни за работа, пресечете го во старт.

35. Ако мајка му се вика на пример, Вера, секогаш обраќајте и се со “Тетка Вера”.

36. Од време на време исплачете се пред него, без причина (така ќе го изнервирате).

37. Својата плата трошете ја само за себе и исклучиво за козметика и облека.

38. Додека детето ви е мало, оставајте го кај неговите родители на чување, а кога ќе порасне, тогаш исклучиво пракачте го кај вашата мајка и зборувајте дека неговата не знае добро да го воспита.

39. Имајте на ум дека добар развод е подобра варијанта од лош брак, но дури откако ќе најдете нова жртва.

40. Важно – Овој правилник не го применувајте ако вашиот маж е погруб, можете да добиете ќотек. Но, што би правела паметна жена како вас, со таков маж?!

2 comments

  • Кристијан

    14 мај, 2013 at 23:40

    Вие направете го првото и ќе му го уништите животот у 1 чекор… феминизам уааааа!

    Reply

  • Bojan

    12 јануари, 2013 at 10:10

    A koj znae dali ke ima 1 dete ili 2 i nagore

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag