Чудото што го спаси нејзиниот брат од карцином на мозокот

30 ноември, 20130
8

Ова е вистинска приказна за едно осум-годишно девојче кое знаело дека љубовта може да направи чудо. Нејзиниот помал брат морал да умре, бидејќи имал тумор на мозокот. Родителите биле сиромашни, но го заложиле целиот свој имот и направиле се за да го спасат.

Една вечер таткото низ солзи и рекол на мајката: “Мислам дека дојдовме до крајот, него само чудо може да го спаси”. Девојчето скриено во аголот на собата, ги чуло зборовите на својот татко. Истрчала во својата соба, ја замало касиќчката и истрчало до најблиската аптека. Чекала трпеливо и кога дошол нејзиниот ред се подигнала на прсти ги истурила паричките и рекла: “Ова е за брат ми господине, многу е болен. Јас дојдов да купам чудо”. “Не те разбрав најдобро”, одговорил тој. “Се вика Андрија. Има нешто што му расте на главата, па само чудо може да го спаси. Јас многу го сакам мојот брат, па затоа ги донесов овие пари да купам чудо”.  Господинот тажно се насмевнал и рекол: “Но ние не продаваме чудо”. “Ако нема доволно пари, можам да најдам уште. Колку чини чудото?”. Во аптеката се нашол висок и згоден маж, со озбилно лице кој со интерес ја следел дискусијата. Додека фармацевтот беспомошно ги ширел своите раце, девојчето ги собрало своите парички.

Човекот дошол до неа и ја прашал: “Зошто плачеш малечка? Што се случи? “Овој господин не сака да ми продаде чудо и не сака да ми каже колку чини. Тоа е за мојот брат, тој е многу болен. Мама вели дека мора да оди на операција, а тато дека тоа не можеме да го платиме и дека Андрија може само чудо да го спаси. Затоа донесов се што имав”. “Колку имаш?” “Еден долар и единаесет центи… Но знаете, можам да најдам уште…” Човекот се насмевнал. “Мислам дека нема да има потреба. Чудото за твојот брат чини токму еден долар и единаесет центи”. “Одведи ме кај тебе дома”, рекол, “би сакал да го видам твојот брат и да разговарам со твоите родители. Можеби ќе успееме да го пронајдеме чудото што им е потребно. Отмениот господин и девојчето ја напуштиле аптеката, држејќи се за раце. Тој човек бил професорот Карлтон Амстронг, еден од најпознатите неврохирурзи во светот. Го оперирал малиот Андрија, кој за неколку месеци потполно се опоравил. “Оваа операција е вистинско чудо” рекла мајката. “ Се прашувам само колку чинела…” Девојчето се насмевнало знаејќи дека чудото чини еден долар и единаесет центи. Секако љубовта и вербата на сестрата на Андрија се израчунати во цената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi