Комплекс Ел Македон

28 март, 20130
6

Најлесно е кога некому ќе речеш: Комплексаш, без дефинитивно да ја знаеш вистинската дефиниција за истото.

Разни демагогии го бараат комплексот под валкан долен веш, иако ,,сиромашкиот,, без разлика колку е кафен или жолт, не ја дава вистинската слика, дали дотичниот/та, има ручано сарма или двопек со ефтин домашен чај од липа.

Се разбира, постојат разни комплекси, па дури на некои им залепија имиња на разни мамини синови од минатото, но кај нас постои само еден: оној минималниот или минималистичниот, сеедно!

За мали народи, мали комплекси? Ма јок! За минимални души во голем простор, само и исклучиво бегство од реалноста!

Зошто реалниот свет бара реални персоналитети, а нашево небо не трпи такви.. секако! А богами и не сме некој надарен народ со надарена висина, па и не ни личи некој висок комплекс- нели?!

Значи: Комплекс на ниска вредност, како генетска предодреденост, но и неизбежна вистина, колку и да е болна ,,сиромашката,,.

Од каде потекнува? Од Турско, каурско.. а можеби и пред тоа. Се е до јавањето… верувајте! Не јавале сите попатно, а кичма не е челик, па не издржала! Се свиткала како ченгел, се додека не станала безчувствителна до даска!

Денес некои и без неа , научија да живеат! А и што ќе им е нели?! Такви мекотелни створења се наоѓаат на секој чекор.

Погледни околу себе и обавезно провери, колку мекотелни човеколики животинки и свиткани ,,ченгелчиња,, ти го земаат просторот во кој егзистираш, трошејќи драгоцен кислород во нашата ни ,,зелена,, околина!

Провери???

Ај да си здрав/а и жив/а, не јадосувај …Насекаде е исто.. ,,срање во различно пакување,,.

Ги има буквално во секоја ебана пора на нашава посрана средина.. Фрлаат каде стигнат, загадено семе што ни ја труе уште одсега, недокваканата ни судбина.

Има ли чаре? Ќе има чаре, кога поголемиот дел од нив ќе научат што сакаат, да научат како да преживеат пораз, да презираат орален секс од навика, самопочит да им биде име, а гордоста по можност- презиме, зошто не е воопшто лесно, нели, цел живот да го носат товарот, што по крштеница им го залепиле, нивните родители.

Е тогаш ќе почнеме да добиваме спортски натпревари, да победуваме на Евровизија, да делиме мудрост по несигирни подрачја, со еден збор-да создаваме подобра иднина за нашите поколенија.

А до тогаш? Е, до тогаш, ќе мораме да се плукаме во огледало, секое утро додека ги миеме забите, зошто самокритика е веројатно, првиот знак дека нешто сме пробале да промениме во себе.

Се разбира: Кога плукате сами на себе, внимавајте устата предходно..добро да ја исплакнете, за ,,бербатот,, на огледалото да не биде поголем, од реалната можност да се справите со гнасотиите, што веќе ги имате оставено зад себе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi