За жената што ми подари живот!

30 мај, 20130
8

Земајќи ги повеќето нешта здраво за готово, многумина од нас жалат за тоа што не го направиле или за она што го направиле, без да размислуваат за последиците. Меѓутоа, човечки е да се греши! Но, единствената грешка, која никогаш не треба да си ја дозволиме, е да ги игнорираме нашите мајки!

Во секоја прилика не пропуштајте да и кажете на онаа, која ве родила и одгледала: “Мамо те сакам!” Бидејќи таа има потреба да го чуе тоа, има потреба од вашата близина и иако понекогаш ви “досадува” со повици и прашања, таа секогаш ќе ви биде потпора.

Уште сега, уште во овој момент, кажете и:

“Мамо, те сакам, затоа што заради мене си го голтнала заморот и исцрпеноста и си ме дарувала со нежност и со насмевка”.

“Мамо, те сакам, затоа што заради мене си ја сменила малата чантичка со огромна вреќа, во која можеш да носиш се што ми е потребно”.

“Мамо, те сакам, затоа што заради мене ги замени забавата и дружењето со долги ноќи будност и грижи”.

“Мамо, те сакам, затоа што заради мене ја смени прекрасната шминка со темни кругови под очите”.

“Мамо, те сакам, затоа што си се лишувала себе си, за да можам јас да имам”.

“Мамо, те сакам, бидејќи иако не ги слушав твоите предупредувања, ти беше таа која потоа ми ги бришеше солзите и ми даваше храброст”.

“Мамо, те сакам, бидејќи сум те повредила многу пати, а ти ниту за миг не престана да ме сакаш”.

“Мамо, те сакам, бидејќи илјадници пати не те забележав, а ти беше до мене”.

“Мамо, те сакам, затоа што трпеше секогаш кога те обвинував за твоите грешки, без да гледам колку всушност си направила за мене”.

“Мамо, те сакам, бидејќи заради тебе јас живеам, мечтаам, сакам и сум она што сум!”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi