Запотени души

21 март, 20130
1

Секоја вечер ги гледам на ТВ , она митинзине по Македонија, и неможам да се начудам. Како е можно низ цела Македонија те едни исти фаци , онака по пропис запотени, сиромашките брадосани и неизбањати со недели, на сите митинзи без исклучок – присутни, со разни знамиња во рака и живи насмеано среќни , аплаудираат на работи што со гаранција братче, воопшто и не ги разбираат.
Си викаат на онака добар неартикулиран глас, разни партиски, ретко разбирливи пароли, оставајќи ме целосно во ментална агонија со основното прашање: Зошто?!

 

Ако е одговорот : сендвич и бесплатен панорамски приказ на државичката ни, си велам ок. Пеќим!

 

Ама, оттука и прашањето: абе тоа сендвичарите низ Македонија , парче прават а??! Или пратеничките наши, интендантска служба, по партиска наредба глумат?! Леб, салама , а за најдобрите и по некоја трошка сирење.Среќа што сеуште надвор е ладно, па не залепија и некоја салмонела залетана, по Македонските ни беспатија.

Да се вратам на клучот на текстот: Зошто бре луѓе, тоест почитувани господа, браќа и сестри, не обезбедите по некој подвижен тоалет за забањување? За мала, а богами и голема нужда, Тоифор им глумат Македонските паркови, па на ,,нагазни мини,,  гинеш гарант, ама за заплакнување под мишки, сеуште немаат најдено решение! Ќе Ве молам, спонзор за замивање, да си најдете – веднаш!

 

Некни читав,и Шутка еволуирала, па од брашно и шеќер, на брачни другари по партиски клуч, се префрлила, па си велам: да се закачам и јас со браќава, џанам една лепојка и за мене ќе се најде со гавази?! Немам муда, признавам, на толкава конкуренција мене редот тешко ќе ми дојде, па си останав дома, сеир да им гледам на телевизија.

 

Друга работа. Знаете ли дека карневалот во Струмица најдобро ги ,,покри,, митингашките проблеми? Онака костумосани сите до последен, и нашите ,,навивачи,, онака запотени , чаре најдоа. Група за натпревар: Македонски Творови и тоа е!

 

Да ги ценеа по мирис, главна награда ќе лапнеа гарант, ама на Зајко Пожарникарски, не му беше до мирисање, па митингашите наши, ,,неприметени,, останаа за други поарни, мирисни времиња.

 

И така.. град по град.. село по село.. ни ја затруја државата по п.с , па Канадерите за пожар гасење, веднаш по изборите, за мирис ништење, да се палат- ќе Ве молам.

Наравучение: Ќе барам утре, субвенционирање на производството на сапуни, шампони и други средства за ништење вошки, зошто таа индустрија ако рикне, останавме немиени и вошкосани- за навек!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi