Една моја пријателка има дечко. Вистински плејбој. Со години му течат лиги по неа, но таа не му се дава. Затоа пак успеала да му влезе под кожа.
Што и да зборуваме, за една слободна девојка е добро да си има еден плејбој, за “пријателче“. Не за друго, да си има експериментално зајче кое ќе и ја покаже најбруталната страна на машката суштина.
И еден ден таа решила дека треба да открие каква е голата вистина. Го поставила прашањето што измачува милиони жени ширум светот – Што е она што може да натера еден маж, особено таков, кој може да има цел харем, да прогласи една жена за “Единствена“?.
Сакаш да бидам искрен? – рекол тој. Апсолутно! – одговорила таа.
Добро! Ако една жена е фелацио кралица, таа ќе биде Единствената. Мажот секогаш ќе се враќа кај неа! – тоа бил бруталниот одговор.
Ајде бе! Па ова е ужасно површна работа! – рекла таа.
Сакаше да бидам искрен. Тоа е одговорот! – изјавил женкарот.
Јас жалам, но не верувам! Дури жалам и за тоа што не верувам. Иначе ќе ми беше многу полесно. Да верувам во тоа, дека ако станам фелацио кралица, тој или тие ќе се враќаат кај мене, и тоа ќе се нарекува љубов…Дека ќе бидам Единствената.
Да, верувам дека љубовта на мажот минува низ стомакот, но и низ еден друг орган, да, вистина е, дека ако една жена успее да му се пикне под кожа сексуално не е воопшто мала работа, но…Но јас сакам СЕ и тоа претставува многу повеќе отколку едно фелацио.
Тоа е да можеш да бидеш себе си со другиот или не знам – ако се смениш, да биде затоа што тоа те оплеменува. Тоа е да бидеш партнер, а не нечија кралица. Тоа е да неможеш да дишеш без присуство на другиот, а не без оралните задоволства…
И жалам но откажувам да престанам да верувам, дека ако сакаш некого, ќе ти биде супер убаво, дури и само да лежите еден до друг без ништо да правите…
А можеби затоа што сум жена и нема да престанам да мислам така, ќе си останам онаа која никогаш нема да биде Единствената.