Кој камен најмногу ви одговара според хороскопскиот знак?

popara10 март, 20131min00
5

Накитот е она нешто кое може да допринесе многу за нашиот комплетен аутфит. Секоја жена сака различен накит, различни камења, но дали знаевте дека секој камен има различно влијание врз нас во зависност од нашиот хороскопски знак. Затоа пред да го купите следното парче накит имајте го ова во предвид:

Овен

Рубин и гранит – рубинот на овните помага да си ги остварат целите, да бидат одлучни, и им дава посебна страст. Гранитот пак им ја зголемува самодовербата.

Бик

Родохрозит и розов кварц – овие камења ја создаваат позитивната енергија, ги опуштаат и релаксираат биковите.

Близнаци

Златен топаз и цитрин – овие камења влијаат на самодовербата, одлучноста и сигурноста кај близнаците.

Рак

Смарагд и месечев камен – раковите имаат голема потреба за сигурност, а овие камења на нив влијаат токму така.

Лав

Горски кристал и дијамант – лавовите настојуваат на самостојност, авторитет и поголема доминантност. Овие камења ја предизвикуваат ваквата енергија.

Девица

Тигрово око и карнеол – овие камења на девиците им дава храброст, им го олеснува донесувањето на животни одлуки и емотивни проблеми.

Вага

Сив кварц и жад – вагите секогаш очекуваат од другите многу, се докажуваат, бараат правда… Овие камења делуваат многу позитивно на нив, на самодовербата, на хармонијата на односите со другите.

Шкорпија

Хематит и корали – шкорпиите се многу самоуверении тешко ги поднесуваат критиките. Оие камења на нив им носат трпение и контрола која им е навистина потребна кога станува збор за комуникација со други луѓе.

Стрелец

Обсидијан и син топаз – стрелците шират многу позитивна енергија, сталожени се а воедно и големи авануристи. Овие камења ќе ги направат помалку осетливи на негативната енергија.

Јарец

Црн бисер и малахит – соновите и желбите многу полесно ќе им се исполнат на јарците доколку имаат со себе ваков камен. Го зголемува нивното чувство за одговорност кон останатите луѓе.

Водолија

Тиркиз и аквамарин – водолиите се необични, имаат слободен дух, ја скаат слободата и независноста. Овие камења најмногу одговараат на нивната нескротлива природа.

Риби

Опал и аметист – добродушни, лесно прилагодливи, спремни да помогнат на другите, најмалку мислат на себе. На овие луѓе најмногу им оговараат овие камења. Им даваат посебна инспирација, креативност, хармонија и животна радост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag