Еве уште една одлична идеја како да го збогатите својот гардеробер со трансформирани и уникатни парчиња облека што сами ќе ги направите од она што веќе го поседувате. Во оваа рубрика има богата архива каде ќе најдете вакви слични идеи кои се надеваме ќе го привлечат вашето внимание и ќе бидат полезни.
Денес ќе ви покажам што можете да направите од најобична памучна маичка. Се што ви треба е да изберете чипка по ваш вкус, ластик за ракавите и долниот раб од маичката како и машина за шиење.
Погледнете како изгледа новиот производ после трансформацијата:
А вака изгледа процесот на работа:
обележете како ќе изгледа новиот отвор на блузата за да знаете каде да сечете. Отприлика тоа би било по 6 см од двете страни, но сепак е најдобро да измерите на лице место во зависност од вашата фигура и конфекцискиот број…
се поставува чипката и се шие…
во ракавите се протнува ластик за да го добиете новиот модерен изглед на блузата…ластик се поставува и на долниот раб од маицата за да изгледа вака: