Лондон – Тони Меклернон (24) незапослен алкохоличар до смрт ја претепал бившата вереница Блани (20), која носела негово дете и за неколку дена требало да се породи.
И испратил порака „имам изненадување за тебе“ и ја повикал да се видат. Кога се појавила веднаш ја нападнал шутирајќи ја по стомак.
Жителите од населбата изјавиле дека слушнале ужасно вриштење од местот каде се случил настанот. Девојката била најдена со тешки повреди на главата и лицето, префрлена е во болница каде и таа и бебето набрзо починале.
Меклернон тврдел како таа сакала да му ја уништи новата врска.
На судењето најпрво рекол дека не успеал да ја одбрани од напаѓачот, но уличните камери јасно посведочиле дека тој ја убил.
Монструмот е осуден на 27 години затвор.