Најдебелиот човек во светот ослабнал 300 килограми

popara4 јануари, 20131min00
mejson

Пол Мејсон повеќе не е најдебелиот човек на светот – овој 51 годишен британец ослабнал 300 килограми, а сега планира да се подложи на естетска хирургија за да ја отстрани вишокот на кожа.
Со 450 килограми, Мејсон долг период важеше за најдебелиот човек на светот. Меѓутоа, пред две години направил гастроплатија (гастричен бајпас) која му помогнала да се ослободи од две третини од тежината.

Мејсон кој сега има 158 килограми, сака да започне нов живот. Но, пред тоа мора да оди на уште една операција со цел да се отстрани вишокот на кожа која го спречува слободно да се движи.

Операцијата ќе може да се направи дури за две години, кога неговата тежина ќе се стабилизира.

Во меѓувреме поранешниот рекордер во тежина пишува книга за своите искуства и планира да отвори продавница за накит.

“Повторно сум господар на својот живот, што е добро. Сега ги гледам работите од сосема поинаков агол”, изјавил Мејсон.

Мејсон поради дебелината бил затвореник во својата куќа повеќе од дваесет години. Тој јадел десет пати повеќе отколку што му било потребно. Почнал да се прејадува кога го оставила девојката која ја сакал, а поради прекумерната тежина ја изгубил и работата.

Со тек на време станал неподвижен и не можел да се грижи сам за себе. Во 2002 година, пожарникари морале да го срушат ѕидот за да го пренесат во болница.

Мејсон денес е независен, се движи со помош на инвалидска количка, а може дури и да пешачи на помали растојанија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag