Дајана е снимена на скијање во друштво на аристократ, но фотографијата никогаш не е објавена во британските медиуми.
Принцезата Дајана, тогаш само обична граѓанка, се наоѓа во мошне опуштена поза на кревет со виски и момче на дофат на раката, во соба со ѕидови обложени со дрво за време на скијачки одмор во Швајцарија, пишува Ју-Ес-Еј тудеј.
Фотографијата ја добил еден британски весник, а вработениот на неа со црни букви напишал „Да не се објавува“.
Е па во четвртокот таа фотографија една аукциска куќа во Њу Хемпшир му ја продаде за 18.306 долари на инвеститор на недвижности од Сан Диего. Раните процени? На задната страна на фотката има печат „февруари 1981“, што уште повеќе ја разгорува нејзината интригантност: таа била направена во времето кога принцот Чарлс и леди Дајана Спенсер ја соопштија својата свршувачка.
Момчето на фотографијата наводно е Адам Расел, правнук на поранешниот премиер Стенли Болдвин, кој сега има фарма за елени во Дорсет, Англија.