Нема среќа во љубовта, но има пари: Потрошил 23.000 долари за да ги импресионира жените

popara6 јануари, 20131min00
2
Старата изрека вели дека парите не можат да ја купат љубовта, но еден богат Индиец во тоа баш и не верува. Имено, 32 годишниот Дата Фуг од Пимпри – Чинчвада веќе долго време сака да ја пронајде жената на својот живот, а за да го постигне тоа неодамна се сетил да направи нешто несекојдневно. Тој потрошил околу 23.000 американски долари за кошула направена од злато за да го привлече вниманието на жените.
За изработка на неговата луксузна кошула требало околу две недели, а се работело и по 16 часа дневно. Кошулата доаѓа во комплет со златен ланец, прстен и шест Сваровски дијаманти, јавува Daily Mail.
1
“Знам дека не сум најзгодниот човек на светот, но убеден сум дека нема жена која ќе остане рамнодушна кога ќе ме види во златна кошула. Тоа беше мојот сон и сега конечно се оствари. Отсега ќе бидам познат како ‘златниот човек од Пимпри’ и сите ќе ме препознаваат“, изјавил Фуг.
Екстравагантниот Индиец на шега додал дека е сигурен дека ќе ја пронајде онаа вистинската, бидејќи со неговата златна кошула, барем нема да мора многу да пегла.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_gayiEapzFg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag