Брз крцкав десерт со јаболка

3 ноември, 20130
10

Состојки:

10 филџани јаболка

1 филџан шеќер

1 филџан брашно тип 500

1 пакетче цимет

1/2 филџан вода

1 филџан овесни јатки

1 филџан кафеав шеќер

1/4 лажичка сода бикарбона

1/4 пакетче прашок за пециво

1/2 филџан путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Подредете ги парчињата јаболка во тава. Измешајте го шеќерот, белиот,  со 1 лажица од брашното и циметот заедно. Измешајте и додадете ја смесата врз јаболката. Исипете ја водата врз целата смеса.

Измешајте ги овесните јатки, останатото брашно, кафеавиот шеќер, содата и прашокот за пециво со матениот путер. Добиените трошки наронете ги врз смесата со јаболка.

Печете го десертот на 175 степени оклу 45 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *