Ќофте од брокули и урда

5 ноември, 20130
25

Состојки:

2 супени лажици брашно,

Сол,

400 гр брокули,

4 супени лажици масло за јадење,

1 јајце,

250 гр урда,

Подготовка:

Ги подваруваме брокулите во солена вода, додека омекнат или ги омекнуваме на пареа. Треба да се исцедат многу добро. Ги сецкаме ситно. Нема потреба од пасирање, бидејќи така потешко ќе ги направите ќофтињата.

Мешаме со урдата, јајцето, посолуваме, во случај ако урдата е без сол. Го додаваме брашното. Ако брокулите не се исцедени доволно и смесата е течна, додаваме уште брашно.

Оформуваме сплескани ќофтиња и ги пржиме во врело масло. Внимаваме да не се скршат додека ги превртуваме.

По желба можат да се додадат различни зелени зачини како магдонос или копар. Може да сервирате со сос од кисело млеко и лук. За оние на диета: Испечете ги ќофтињата во рерна, поставени врз хартија за печење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi