Коцки со Медено срце

18 декември, 20130
21

Состојки:

За кора:

2 филџани брашно

1 филџан масло

1 филџан шеќер

1 филџан мелени ореви

1 филџан вода

2 лажици какао

1 прашок за пециво

Фил:

1 л газиран сок од портокал

200 гр шеќер

3 ванила пудинг

5 лажици густин

1 маргарин

300 гр Медено срце

Глазура:

150 гр чоколада

4 лажици масло

Подготовка:

Во длабок сад додадете ги сите состојки за кората па добро соединете ги со миксер. Смесата се исипува во подмачкан плех со маргарин и брашно, па се пече на 220 степени, 10 минути, па уште 10 минути на 180 степени. Одвојте малку сок (од портокал, лимон или мандарина по желба) па растворете го пудингот и густинот. Остатокот од сокот се става на оган да проврие, се додава шеќер, а потоа и смесата од пудинг и густин. Се вари додека масата се згусне. Во ладниот пудинг се додава маргарин, се мати со миксер, па се додаваат сецкани медени срца. Врз кората се нанесува фил, а врз филот глазура од чоколада. Откако добро ќе се олади, се сече на коцки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi