Оргинална рецепта за тирамису
31 јули, 20130
Потребни намирници:
300 гр маскарпоне или крем сирење,
3 јајца,
½ пакетче пишкоти или обични бисквити,
¾ филџан шеќер во прав,
2 капачиња амарето или рум,
1 филџан кафе,
1 супена лажица какао,
1 пакетче ванилин шеќер
Одвојте ги белките од жолчките и избијте ги жолчките со шеќерот во прав. Додадете го сирењето и измешајте добро. Посебно ги биете белките додека не се добие цврста пена после што се додаваат во кремот заедно со ванилиниот шеќер. Додадете го румот во кафето и потопувајте ги пишкотите или бисквитите во него.
Кога ќе упијат од течноста ги подредувате во длабоки и широки чаши. Пишкотите се мачкаат со ред крем, потоа повторно пишкоти, па крем.
Украсете со какао и оставете го десертот една ноќ во фрижидер.