Печени компири на шведски начин

2 ноември, 20130
18

Состојки:

350 гр компири,

20 гр морска сол,

20 гр црн бибер,

125 гр путер,

2 чешњина лук,

50 гр презла,

50 мл масло за јадење.

Подготовка:

Компирите се лупат и се сечат на тенко, но не до крај, на растојание 3-4 мм едно од друго парче, како на сликата.

Во подмачкана тава со масло се подредуваат со рамната страна од долу.

Од горе се ставаат тенки парчиња од путерот.

Во претходно загреана рерна, на максимална температура, се печат компирите околу 25 минути.

Откако ќе се извадат се зачинуваат со сол и бибер. Помеѓу секој процеп во компирите се поставува тенко парче лук. Се поросуваат со презла и повторно се додава путер од горе.

Повторно се враќаат во рерна и се печат уште 20 минути.

Се сервираат топли.

Картофи по шведски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *