Печени млади компири со рузмарин

28 февруари, 2013
200

Ароматични и превкусни млади компирчиња.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 грама млади компири

2 лажици маслиново масло

1 лимон

3 гранчиња рузмарин

Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загреј те ја рерната на 230 степени Целзиусови.

Исчистете те ги младите компири и ставете ги во подлабок сад. Прелијте ги со веќе зовриена вода, и почекајте повторно да зоврие и варете околу 5 минути.

Во меѓувреме садот во кој ќе ги печете компирите намачкајте го со маслиновото масло и ставете го во рерна да се загрее.

Убаво измијте го лимонот и изрендајте му ја кората. Измијте го и рузмаринот и извлечете ги лисјата од гранчињата.

Добро исцедете млади компири и ставете ги во загреаниот сад за печење и убаво измешајте за да маслиновото масло рамномерно ги прекрие. Посипете ја лимоновата кора, рузмаринот, сол и бибер.

Водете грижа пред да ги ставите компирите во садот за печење, маслиновото масло да биде многу жешко. При самото ставање на компирите би требало да се чуе звук на пржење.

Печете го компирот во веќе загреана рерна на 230 степени Целзиусови 20 минути.

Уживајте!!!

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi