Перничиња со кашкавал

30 ноември, 20130
4

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 чаша вода

* 8 лажици несолен путер

* 1/2 лажиче сол

* 1 чаша повеќенаменско бело брашно (околу 15гр)

* 4 поголеми јајца

* 1 ½ чаша рендан кашкавал (чедар, гауда и сл.)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Во тенџере ставете ги водата, путерот и солта да зовријат. Откако путерот ќе се стопи, отстранете го од огнот и додадете го целото брашно.
  • Мешајте енергично додека не добиете смеса слична како за пире.
  • Вратете го тенџерето на огнот на ниска до средна температура и мешајте 3 до 5 минути. Тестото е готово кога ќе забележите дека сјае и дека е доволно густо и дека во него може да стои лажицата исправено.
  • Префрлете го тестото во друг сад и матете со миксер за тесто се додека од него не престане да излегува пареа. Константно матејќи, додадете едно јајце. Дури тогаш кога јајцето добро ќе се измеша со тестото, додадете го и второто, и така се по ред. Откако сте ги ставиле сите јајца, треба да добиете глатка, нежна смеса, во која ќе го додадете изренданиот кашкавал.
    • Загреете ја рерната на 230 степени. Во тавата обложена со хартија за печење ставајте од тестото мали топчиња како за сладолед, раздвојувајќи барем на 2,5см.
    • Печете ги во загреана рерна 5 минути, а потоа смалете го огнот на 170 степени, па печете ги уште 20-25 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi