Пикантен и вкусен: Гвакамоле сос
30 јуни, 20130
Гвакамоле е пикантен сос каде основни намирници се авокадо и лимон и повеќе зачини, а се конзумирал уште во времето на ацтеките (16 век). Подоцна станува популарен и во Шпанија.
Потребни намирници:
2 зрели парчиња авокадо
1 лимон
1 мала глава црвен кромид
1 домат
1 парче лук
сос Табаско
сол
свеж магданос по желба
Начин на подготовка:
Авокадото се лупи и од него се прави пире со пасирање. Додадете го сокот од свежо цедениот лимон. Исецкајте ги кромидот и доматите ситно, истолчете го лукот и додадете ги во смесата. Зачинете со сол, Табаско и магданос по желба. Конзумирајте со пченкарен чипс.