Пилешки батаци со сенф и мед

28 јуни, 20130
6

Потребни намирници:

1/3 чаша сенф

1/3 чаша мед

1 лажица масло за јадење

1 кг пилешки батаци

Сол

2 гранчиња свеж розмарин

Бибер

Загрејте ја рерната на 175 степени. Во голем сад измешајте ги сенфот, медот и маслото. Додадете малку сол и пробајте. Додадете уште сол и сенф додека не го добиете посакуваниот вкус. Посолете го пилешкото и поставете ги парчињата во плитка тава. Со лажица исипете од сосот само врз месото. Поставете ги гранчињата розмарин помеѓу батачињата. Печете 45 минути додека месото пушти бистар сос, кога ќе го боцнете со остар нож. Извадете ја тавата од рерна и внимателно соберете ја излишната маснотија ослободена при печењето. Поросете со свежо мелен бибер и сервирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *