Шпанска салата со печени компири
30 ноември, 20130
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1/2 ситен компир (бел или црвен)
* 3 лажици маслиново масло
* 1/4 лажиче сол
* 1/2 лажиче црн бибер
* 4 чешниња ситно исецкан лук
* 4 лажици мајонез
* 1 лажица лимонов сок
* 1 лажиче сенф
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Загреете ја рерната на 200 степени.
- Компирите исечете ги на половина, додадете 2 лажици маслиново масло, сол и бибер.
- Измешајте ги и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
- Печете ги компирите 40 минути, превртувајки ги, се додека не добијат златна боја.
- Извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат.
- Во еден сад измешајте ½ лажиче сол, 1 лажица маслиново масло, исецканиот лук, мајонезот, сокот од лимон и сенфот.
- Ставете ја смесата врз компирите.