Сочно и крцкаво: Пилешко со сусам
19 декември, 20130
Состојки:
800 гр пилешки гради
Сок од лимон
2 лажици соја сос
1 лажица вегета
Масло за јадење
За поховање:
Брашно
2 – 3 јајца
Сол
Бибер
300 гр сусам
2 лажици презла
Подготовка:
Пилешкото се сече на ленти. Се зачинува со сок од лимон, соја сос и вегета. Оставете малку да отстои.
Парчињата се валкаат во брашно, а потоа во матените јајца зачинети со сол и бибер, а на крај во смесата од сусам и презла.
Месото се пржи во длабоко, врело масло, на умерена температура, додека не добие златно кафена боја.
Се вадат парчињата и се цедат врз хартија.