Супа од тиква

31 октомври, 20130
34

Состојки

1 x 4kg тиква

125g путер

2 средни кромиди , излупени и ситно исечкани

1 стапче цимет

свежо рендано морско оревче

сол и свежо измелен црн пипер

пилешка или зеленчукова коцка супа растворена во 1,7 литри врела вода

3 лажици шери

Метод на подготовка

Исечете го врвот на тиквата, и отстранете го семето и „конците“ од нејзината внатрешност.

Со користење на остар нож или лажица, отстранете го „месото“ од тиквата.

Грубо се сецка .„месото“ добиено со длабење на тиквата.

Се топи путерот во големо тенџере со капак на ниска топлина и се додава кромидот. Кромидот се готви на тивко 10-15 минути, се додека не омекне и не добие златно-кафеава боја.

Додадете од месото на тиквта, цимет и морско оревче, сол и свежо мелен црн пипер. Се става на средна температура и се покрива со капак. Се готви 40-45 минути, мешајќи повремено за да се спречи загорување.

Додадете буљон и оставете да зоврие . Отстранете ја супата од шпоретот и оставете ја да се излади малку. Изблендирајте ја супата со рачен блендер додека не се изедначи .

Вратете ја на оган и гответе уште половина час.

Супата се јаде врела или топла, а може да се конзумира со павлака или сок од лимун.

Како декорација при служење, ставете исечкан магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi