Торта од палачинки и крем од лешници

5 ноември, 20130
26

Состојки:

200 гр лешници,

100 гр путер,

200 гр слатка павлака,

2 чоколади,

150 гр течна чоколада,

1 кафена лажичка есенција рум.

Подготовка:

Од посочените продукти направете крем.

Истолчете ги лешниците или обработете ги во блендер.

Стопете ја чоколадата на пареа заедно со путерот, при што треба да внимавате да не прска вода во смесата.

Во меѓувреме изматете ја павлаката, не треба да е мека.

Додадете ги лешниците во чоколадната смеса, додадете ја и павлаката и измешајте. Додадете го и румот и повторно измешајте.

Започнете да ја редите тортата, при што се ставаат по две палачинки и меѓу нив намачкан крем, се додека состојките не се потрошат.

Со течната чоколада намачкајте ја тортата од горе.

Ако немате своја омилена рецепта за палачинки, искористете ја оваа класична рецепта за палачинки:

Состојки:

4 јајца,

2 филџани млеко,

2 филџани брашно тип 500,

2 супени лажици путер,

2 гр сода бикарбона,

2 гр сол.

Подготовка:

Јајцата се матат, додека добро не се изедначат.

Се додава млекото. Палачинките можат да се направат и со вода наместо со млеко, но тогаш стануваат полесни и не се толку сочни и вкусни.

Брашното се меша со малку сода. Се додава на мали порции за да не се направат грутчиња. Се додава и малку сол.

Добиената смеса треба да има густина како боза. Може да се додаде млеко ако е многу густа, или малку брашно ако е ретка.

Палачинките се пржат на слаб оган, во претходно подмачкана тава со масло.

Кога палачинката сама ќе се одлепи на краиштата и може лесно да се подигне, тогаш е готова за вртење.

Полезно е да се знае дека за 1 порција од 2 палачинки се потребни 1 јајце, 100 гр брашно, и 100 мл млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi