Вкусно и меко пециво: Пица перничиња

17 декември, 20130
21

Состојки:

1 јајаце

200 мл јогурт

400 гр брашно

1 прашок за пециво

1 лажичка сол

3 лажички кечап

Малку оригано

100 гр фета сирење

100 гр гауда сирење

100 гр пилешки гради или паризер

Подготовка:

Пилешките гради се сецкаат на ситни коцки, фета сирењето се дроби, а гаудата се ренда. Сите состојки потребни за тестото се соединуваат, па од нив се замесува хомогено тесто. На подлога намачкана со брашно се развлекува тестото со дебелина околу еден прст, па се сече на коцки. Перничињата се пржат во загреано масло се додека не добијат златно кафена боја. Пржените перничиња се ставаат врз хартија за да го упие маслото. Се сервираат топли со кечап.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi