Се соживеале со улогите, па станале убијци во реалниот живот?

popara29 ноември, 201386min00
10

Ејми Локан, Метју Бродерик, Чарлс Датон, Лило Бранкато и Ребека Гејхарт се осудени за убиство…

Да се најдеш во улога на човек кој одзема туѓ човечки живот е тешка актерска задача. Но кога таква улога ќе ве дочека во реалноста, можеме само да претпоставиме колку е тешко да се носиш со тоа. Тоа го осетиле на своја кожа следниве актери кои извршиле убиство:

Ејми Локан, осудена на 3 години затвор поради убиство од невнимание при сообраќајна несреќа…

Метју Бродерик во 1987 година предизвикал тешка сообраќајна несреќа при што починале мајка и ќерка…Поради амнезија не добил затворска казна…

Чарлс Датон како тинејџер во тепачка убил човек и 7 години поминал во затвор, а потоа уште 3 поради поседување оружје.

Лило Бранкато од серијата “Сопранови“ во 2008 извршил грабеж при што усмртил полицаец. Осуден е на 20 години затворска казна…

Ребека Гејхарт во 2001 година прегазила и усмртила 9 годишно момче, но со спогодба со родителите избегнала затворска казна…