Совети за убави и здрави нокти

popara8 февруари, 20131min00
nokti
Украс на убавите раце се негувани нокти. Погрешно е мислењето дека негата на нокти се состои само од лакирање на истите. Тие треба прво правилно да се маникираат, за на крај да се лакираат.

1. Нега на заноктиците

Додека ги средувате заноктиците внимавајте да не ги засечете премногу од страна. Најдобар начин е наместо сечење да ги потиснете со помош на посебни средства кои ја омекнуваат кожата и така го овозможуваат поместувањето на кожичката.
Прво отстранете го лакот со специјален раствор за таа намена (ацетонот е прејак), па нанесете средство за омекнување на кожичката или накиснете ги во раствор од сапун. Откаке ќе омекне кожичката, потиснете ја со стапче.
2. Обликувајте ги ноктите со турпија

За да спречите пукање или кршење на ноктите, а и за што поубаво да изгледаат, редовно турпијајте ги и потсекувајте ги. При тоа внимавајте сите нокти да ви бидат со иста должина.
3. Полирање на ноктите

Еднаш неделно полирајте ги ноктите како би ја подобриле циркулацијата. Барем две минути полирање посветете и на едната рака, внимавајќи да не притискате премногу, како не би ги оштетиле ноктите. За ова може да користите четка за нокти. После полирање нанесете масло за нокти, како би биле поздрави и појаки.
4. Влажнење

Секогаш имајте при рака крема за раце, па штом осетите дека рацете ви се суви или им треба заштита, намчкајте ги со крем.
5. Бело моливче за нокти

Ова е трик кој одлично ќе ви користи за подобар изглед на ноктите. Нанесете од моливчето под рабовите на никтите – тоа ќе ја истакне бојата на нокти и ќе изгледаат уредно и чисто.
6. Храна за нокти

Доколку имате некој од следните симптоми, би било препорачливо да ја смените исхраната:
-недостаток од витамин А и калциум моѓе да се манифестира преку суви и кршливи нокти.
-нокти свиткани на внатре знак се на недостаток од протеини, фолна киселина и витамин Ц.
-вертикални линии на ноктите знак се на слабо варење на храната и недостаток на витамин Б12 и железо.
-недостатокот од витамин Б12 моѓе да доведе до суви, кршливи нокти.
-темноцрвената боја индицира слаб метаболизам поради конзумирање на тешка, солена и мрсна храна.
-жолтеникави нокти се последица на неправилна работа на џигерот.
-плави нокти се последица на неправилна работа на белите дробови и срцето.
-бели точки по никтите укажуваат на недостаток на калциум и цинк.
За да ви бидат здрави ноктите зголемете го внесување на калциум, протеини и минерали во организмот, како и сумпор, железо, силициум, цинк, есенцијални масни киселини и витамините Д, А и Е.
7. Лакирање на ноктите

Како подлога ставете безбоен лак кој ги штити ноктите од листење и пукање. Лакот во боја може да се стави во два слоја, со што се зголемува трајноста на лакот како и неговата боја и сјај. Секој слој мора да биде сосема исушен пред нанесување на следниот.
8. Чување на лакот за нокти

Избегнувајте лакот за нокти да го чувате на топло место, затоа што ќе ја промени конзистентноста, а со тоа ќе стане грудчест и тешко ќе го нанесувате. Затоа – чувајте го на ладно место.
9. Помалку е повеќе

Немојте да го вадите и повторно нанесувате лакот за нокти повеќе од еднаш или два пати неделно. Пожелно е за отстранување да користите средство кое воедно и ги влажни ноктите.
10. Масажа на рацете

Со масажа ја подобрувате циркулацијата и влијаете на здрав раст на ноктите. Ова е совршен начин да ги опуштите мускулите и да се чувствувате пријатно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag