Многу е веројатно новата Тојота Венза да има промоција во текот на идната година на некои од светските познати мотор шоуа, но сеуште не е соопштено кога и каде, ниту па официјална дата. Но секако протекла информација во јавноста дека новата Венза ќе има многу подобар дизајн. Многу подобности ќе се најдат на надворешниот дизајн. Напред ќе има нова поелегантна хромирана маска и агресивни HID предни светла. Исто така и светата за магла ќе имаат хромирани детали од страната. Внатрешноста е многу зголемена, односно ќе можат во комоција да седнат 5 патници. Кога станува збор за технологијата внатре, ќе има Инфозабавен Систем кој ќе биде со екран на допир, напреден навигациски систем, панорамски стаклен кров, грејачи на седишта и систем против крадење на возилото. Ова возило ќе го придвижуваат 2 мотори. Едниот ќе биде 2.7 литражен 4 цилиндричен мотор со 268 коњски сили, а другиот 3.5l V6 мотор со многу појаки перформанси. Цената сеуште не е објавена, но се очекува да биде почетна од околу $30.000.
httpv://www.youtube.com/watch?v=dXWVCm5dfVw