Трагедија: Бебе починало од бакнежот на неговиот татко!

popara5 март, 20131min00
333

Предвремено роденото бебе Кајден Мекормак умрело два месеци после раѓањетокако последица од откажувањето на повеќето органи. Како причина за смртта се наведува акутното влошување на состојбата после најобичниот бакнеж од страна на неговиот татко!

Таткото на бебето, 34 годишниот Карл Мекларен од Ливерпул тогаш имал херпес на усните. После кобниот бакнеж бебето добило висока температура и грчеви. Префрлено е во болница после што неговата состојба сосема излегла од контрола и драстично се влошила. После неколку седмици на апарати неговите родители ја донеле најтешката одлука и го исклучиле од апаратите за дишење.

Таткото не ни претпоставувал дека обичен херпес кај бебињата, особено кај оние со кревко здравје може да биде фатален. Докторите потврдиле дека бебето било инфицирано од херпес вирусот што воедно било причина за фаталниот исход.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma