24 мај, 2017

Радио

Од пред само неколку дена, една од главните теми во српските и балканските медиуми е фамозното “интервју”, односно скриената камера која што му беше приредена на српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Од пред само неколку дена, една од главните теми во српските и балканските медиуми е фамозното “интервју”, односно скриената камера која што му беше приредена на српскиот премиер Ивица Дачиќ, но, дека станува збор за навистина несекојдневна ситуација, доказ е и фактот што оваа вест пристигнала и до најголемите светски новински агенции.

Во вторникот во интернет етерот беше пуштено видеото во кое што премиерот на Србија, Ивица Дачиќ е жртвата во најновата епизода на скриената камера наречена “Невозможна мисија”. Така, водителката Бранка Кнежевиќ успеала крајно професионално да ја одигра својата улога, па никој од тимот на Дачиќ не се ни посомневал дека станува збор за скриена камера. Она што е скандалозно во целата приказна е тоа што атрактивната водителка го пречекала премиерот без долна облека и во текот на интервјуто, тоа и му го покажала.

Според последните информации, Дачиќ покренал и постапка околу целата ситуација и издејствувал забрана за емитување на емисијата, меѓутоа, со оглед на тоа што станува збор за ера на интернет, кога само еден “клик” е доволен за пристап до посакуваните содржини, “интервјуто” на Дачиќ пристигналo до сите светски новински агенции. Во продолжение погледнете кои се светски интернет медиуми известуваат за овој несекојдневен српски случај.

Остави коментар

Почетна // вести // балкан // Целиот свет зборува за фамозното “интервју” на Дачиќ
Горе