24 мај, 2017

Радио

Шокантната приказна за сексуалната активност на денешните тинејџери ја раскажала Гордана Булјан Фландер, психолог и директор на Одделот за заштита на децата, Загреб.

Девојка од Загреб (14) поради облог во еден месец спиела со 100 партнери.

-Се сеќавам на случајот кога цело одделение се кладеше за бројот на сексуални односи. Победи девојче, кое во еден месец имала сто сексуални партнери – раскажала директорката.

Тоа се случило во едно основно училиште во Загреб, чии ученици од 8-мо одделение ја организирале  оваа конкуренција.

-Ја испративме таа ученичка на третман за да ја научиме на вистинските вредности на однесувањето – изјавила директорката. Според  нејзините зборови, случајот го превземала кога штетата веќе била направена.

Во повеќе средби со девојката работела на тоа да и укаже дека не е потребно да се докажува на таков начин и дека самодовербата не се мери со бројот на сексуални партнери.

-Секој денешен магазин е полн со насилство и сексуална содржина, така што овие пораки им се наметнуваат на децата.На децата треба да им се покажат други вредности, некои други херои. Тие не смеат да бараат популарност низ сексуалност и насилство – додала Фландер.

Остави коментар

Почетна // вести // балкан // Девојка (14), поради облог за еден месец спиела со 100 партнери!
Горе