17 септември, 2019

Радио

Четириесет и тригодишен маж од Скопје кој минатиот месец силувал шеснаесетгодишна девојка кај Трговскиот центар Олимпикот во Тафталиџе е пронајден и уапсен, информира денеска СВР Скопје.

Од полицијата информриаат дека клучно за пронаоѓање на силувачот били ДНК примероците.

Според полицијата, кон крајот на минатиот месец С.К. околу 19,50 часот одзади и пришол на тинејџерка и’ ја покрил устата со рака за да не повика помош и ја одвлекол до оградата.

Девојката, според информациите од полицијата, била брутално претепана. Немислосрдниот С.К. ја удирал својата жртва со тупаници по главата, ја давале и и’ ја удрила главата од ѕид за да ја оневозможи да му се спротивстави во неговата намера да ја силува.

По силувањето и’ одзел мобилниот телефон и заминал оставајќи ја девојката беспомошно да лежи на земја.

Повредената девојка подоцна заминала дома, каде на родителите им раскажала што и’ се случило. Полицијата успеала да обезбеди ДНК примерок од силувачот што подоцна бил спореден со податоците од сторители на кривични дела. Резултатите покажале дека ДНК примерокот земен од жртвата на силувањето се совпаѓа со онаа на С.К., кој претходно бил пријавуван на кражба и тешка кражба.

Откако бил приведен во полициската станица во Кисела Вода С.К. го признал и во целосно го појаснил силувањето. Против него веќе е поднесена кривична пријава за силување и се очекува да биде изнесен пред истражен судија.

Остави коментар

Почетна // вести // македонија // Фатен силувачот на 16 годишно девојче од Скопје, го нашле преку ДНК
Горе