Прилепчанец ловел диви свињи, си го застрелал другарот

26 јануари, 20130
lovdjija

Вчера напладне во прилепското село Рилево, 53 годишен прилепчанец наместо да пука во диви свињи, си го застрелал пријателот.

Со својата пушка „ЦЗ“ калибар 12мм, прилепчанецот Ж.Т. пукал во 35 годишниот ловец Б.Р.

Б.Р. заработил влезни рани од сачми во пределот на десната натколеница и десното колено, во левата натколеница, една рана во десниот рачен зглоб и една влезна рана во левата шака. На повредениот му е укажана лекарска помош во болницата „Борка Талески“-Прилеп, каде е задржан на лекување.

Прилепската полиција извршила увид на местото на настанот и ги одзела за вештачење ловната пушка на Ж.Т. и ловната пушка на Б.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi