Струмичанец шврецувал хероин во аналниот отвор

21 јануари, 20130
heroin
Креативен струмичанец сокрил 100 грама хероин во својот анален отвор и сам се издал пред полицијата.
Хероинот бил спакуван во кондоми, па осомничениот веднаш бил префрлен на хируршкото одделение, каде што по интервенцијата на лекарите од аналниот отвор биле извадени вкупно 100 грама хероин, пишува Нова Македонија.
Како што пишува весникот, 48-годишниот  Г.М. во саботата бил сопрен од полицијата за рутинска проверка на возилото. Но, шверцерот го фатило паника, по што на полицијата и било јасно дека тој нешто крие.
По преземените мерки, тој бил однесен во струмичката болница, каде што рендген-снимките покажале дека Г.М. во аналниот отвор носи хероин. Дрогата со хируршка интервенција му била извадена без никакви последици за неговото здравје.
Осомничениот потоа бил изведен пред истражен судија, кој по распитот му одредил мерка од 30 дневен притвор.

Од струмичката полиција за весникот изјавиле дека ваков случај тие имале пред десетина години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi