После 37 години повторно заедно: Трогателна средба на братот и сестрата

30 септември, 20130
5

Една топла семејна приказна неодамна ги трогна срцата на многу Американци. Синди Мурај и Роберт Вилиамсон, се сестра и брат од Денвер, чија повторна средба после цели 37 години се случила деновиве.

Нивните родители се разделиле 70-те години на минатиот век после што Синди се преселила со мајката, а Роберт останал да живее со таткото.

Иако со години се обидувала да го најде братот, Синди не успеала, бидејќи таа го носела девојачкото презиме на нејзината мајка, па затоа и на нејзиниот брат му било тешко да ја најде неа.

Кога сватила дека нејзината потрага е залудна, Синди после 37 години стапила во контакт со таткото кој и рекол дека нејзиниот брат работи во Американската морнарица, исто како и неа, и тоа во базата одалечена од неа само неколку километри.

Сега двајцата ќе настојуваат да поминуваат повеќе време заедно со цел да ги вратат изгубените години, а после повторната средба, Синди и Роберт изјавиле дека ова бил најемотивниот момент во нивниот живот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=GXRLT7E8mas

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *