САД ги отвара вратите за имигрантите!

29 јуни, 20130
3

Американскиот Сенат го усвои долгоочекуваниот закон со кој на милиони имигранти ќе им биде овозможено да добијат американско државјанство.

Покрај отварањето на вратите за 11,5 милиони имигранти кои веќе се наоѓаат во САД, овој закон ја обврзува владата да превземе нови чекори со цел спречување илегална имиграција во иднина.

Законот е изгласан со 68 гласови и 32 против, што е со 8 гласови повеќе од потребните за оваа мерка да оди на разгледување во Претставничкиот дом.

Во Претставничкиот дом подршката за овој закон не е така голема како во Сенатот, бидејќи има голем дел конзервативци кои се против ваквата политика.

Усвојувањето на законот е еден од приоритетите на внатрешната политика на претседателот Барак Обама.

Foto: sxc.hu

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *