Војник испил 16 чаши алкохол за 30 минути и починал

5 декември, 20130
Alcohol1

Младиот 21 годишен војник Ендру Мургатројд починал откако бил присилен да испие 16 чаши алкохол во рок од половина саат на неговата проштална забава. Ендру кој не пиел често се онесвестил и се угушил по 2 големи чаши кои содржеле 16 мали. Пијалокот кој се нарекува “горна полица” се состои од по 1 чаша од секој пијалок кој се служи во барот. Шауни, жената на починатиот војник рекла дека била многу загрижена која самата се понудила да ја испие втората чаша од коктелот, но на неа не и било дозволено. Приказната е дека оваа мешавина на алкохол е забранета, али никој па ни неговите колеги не знаеле дека не смее да се пие. Се се десило во касарната Хулавингтон во Велика Британија.

Во февруари исто така починал друг војник кога прославувал унапредување. Покрај коктелот морал да испие 2 лименки пиво додека стоел на столица. Се онесвестил во барот, но откако неговите колеги го однеле дома сватиле дека тој не дише. Сопственикот на барот рекол дека овој коктел не е забранет од страна на војската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi