Дали мистеријата за проколнатиот остров ќе се реши некогаш? Сите сопственици во минатото доживеале трагедија!

30 септември, 20130
2

Островот Гаиола се наоѓа во близина на Наполи, а освен што е познат како туристичка дестинација поради необичниот облик, за него е поврзана една мошне интересна урбана легенда.

Според легендата островот е проколнат и на секој од неговите сопственици им се случила некаква трагедија или набрзо после купувањето на островот, умреле.

Првата смрт се случила 1920 година кога умрел Ханс Браун. Островот го купил непосредно пред смртта, а неговото тело е најдено завиткано во тепих, додека неговата сопруга неколку месеци подоцна се удавила. Нивната смрт никогаш не е разјасната.

Следниот сопственик бил германскиот бизнисмен Ото Грунбак кој починал од инфаркт за време на престојот во вилата. Ништо подобра среќа немале ни неговите наследници Маурис Сандоз или Карл Паул Лангхајм. Првиот извршил самоубиство, додека вториот доживеал голем економски пропаст.

Сопственик на Гаиола бил и богаташот Пол Гети на кого во 1973 му го киднапирале вникот и му го исекле увото. Островот пред 4 години повторно се појавува во медиумите кога се убиени Франко Амброзио и неговата сопруга Џована Сако, сопственици на вилата во близина на Гаиола.

Островот денес поради овие причини е ненаселен, а вилата е напуштена.

httpv://www.youtube.com/watch?v=dbot9dba4V0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi