Блонди ти си цела од пластика! Жељко ти си геј како брат ти!
Жељко изјавил дека старлетата му била забава за една ноќ, на што таа бурно изреагирала.
После фаталниот бакнеж помеѓу Жељко Стојановиќ и Нада Џукиќ Блонди што се случи минатиот четврток на сплавот “Два галеба“, страстите не се смируваат. Но се покажа дека не е баш идила како што изгледаше на прв поглед.
– Ајде да се изјаснам за бакнежот меѓу мене и Блонди. Јас ја бакнав за заебанција, а не затоа што ми се допаѓа или нешто друго. Значи само заебанција! – напишал Жељко на Фејсбук, а потоа за Курир додал:
– – Многу лошо се бакнува. Имав чувство дека бакнувам пластика!
Кога видела што тој закачил на својот ѕид, Блонди бурно одреагирала:
– Жељко е мошне лицемерен. Напишал глупости на Фејсбук затоа што е повреден. На сплавот ми пријде и ми изјави љубов. Јас забележав дека во најмала рака е бисексуалец, или геј како неговиот брат, па потоа продолжив да се зезам со него бидејќи ме палат гејови!